klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Вкрстено испитување на вештакот на одбраната на судењето за „Пулс“, родителите на загинатите бараат вистина и правда

Вкрстено испитување на вештакот на одбраната на судењето за „Пулс“, родителите на загинатите бараат вистина и правда
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·21. 10. 2026. 08:56:23

Со дополнителни и вкрстени прашања на одбраната за вештакот Петре Русески денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Пред почетокот на денешното рочиште, Александар Наунов, родител на едно од загинатите деца, во име на семејствата, изрази поддршка за Јавното обвинителство и за неговото постапување при вкрстеното испитување на вештакот на одбраната, оценувајќи дека со нив на претходното рочиште биле изнесени на виделина сериозни противречности во неговиот исказ. Наунов посочи дека е важно стручните тврдења да се засноваат на објективни и проверливи сознанија и порача дека судската постапка не е само за утврдување правна одговорност, туку и борба за вистината и правдата за 63-те загинати. - Во судница во која се одлучува за одговорноста за изгубени човечки животи, не смее да има простор за релативизирање на фактите, за селективно толкување на доказите или за обиди вистината да се прикаже поинаку од она што навистина се случило. Затоа, ваквиот пристап на обвинителството заслужува поддршка, со очекување дека истата доследност, решителност и професионалност ќе продолжат до целосното расветлување на трагедијата. Но, зад сите правни аргументи, вештачења…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti