„Визер“ ја прошири базата во Скопје со седми авион

ТАВ Македонија, дел од ТАВ Аеродроми и Групацијата АДП, ја поздравува одлуката на Визер да постави седми авион на Меѓународниот Аеродром Скопје, што означува уште една важна пресвртница во долгогодишното партнерство меѓу аеродромскиот оператор и авиокомпанијата, а воедно дополнително ја зајакнува поврзаноста на Македонија со Европа. Додавањето на седмиот авион претставува значаен чекор во континуираниот развој на Меѓународниот Аеродром Скопје како водечки авијациски центар во земјата и го одразува одржливиот раст на македонскиот воздухопловен пазар. Зголемениот капацитет ќе им обезбеди на патниците поголема флексибилност преку зголемени фреквенции на неколку постоечки линии, а воедно ќе ги поддржи и неодамна воведените авиолинии до Палермо и Алгеро. Се очекува ова зголемување на капацитетот да генерира повеќе од 120.000 дополнителни патници и приближно 230.000 дополнителни седишта годишно, придонесувајќи за континуираниот раст на патничкиот сообраќај на Меѓународниот Аеродром Скопје. „Додавањето на седмиот авион на Визер на Меѓународниот Аеродром Скопје претставува значаен успех за ТАВ Македонија и за континуираниот развој на воздушната поврзаност во Македонија. Освен проширувањето на опциите за патување за патниците, овој развој ја зајакнува улогата на Скопје како регионална порта, ги поддржува туризмот и деловната активност и придонесува за економскиот раст на земјата. Горди сме на нашето успешно партнерство со Визер и остануваме…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

МВР со детали: 86-годишна жена тешко повредена откако врз неа паднало дрво во Карпош
