klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Виткоф пристигна во Санкт Петербург на средба со Путин

Виткоф пристигна во Санкт Петербург на средба со Путин
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·21. 10. 2026. 07:16:46

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, денеска пристигна во вториот по големина град во Русија, Санкт Петербург, на средба со рускиот претседател Владимир Путин. На аеродромот Пулково го пречека специјалниот претставник на Путин за инвестиции и надворешна економска соработка, Кирил Дмитриев, кој исто така раководи со Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF). Претходно, руски медиуми јавија дека авион на американските воздухопловни сили што доаѓал од Осло влегол во рускиот воздушен простор. Вчера, Виткоф се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во норвешката престолнина. Порано денеска, американскиот државен секретар Марко Рубио, кој е во посета на Индија, изјави во Мумбај дека Виткоф е на пат кон Санкт Петербург.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti