Витакер: Договорот за производство на ракети „Патриот“ со Украина нема да биде потпишан до зима

Долгорочниот договор за производство на ракети за системите „Патриот“ меѓу САД и Украина нема да биде заклучен до оваа зима, но во тек е работата на заедничко производство на опрема за противвоздушна одбрана со Украина и Европа, изјави постојаниот претставник на САД во НАТО, Метју Витакер. - Не му дозволуваме на никој освен на американските производители да ги произведува тие ракети (PAC-3). Постојат можности за копродукција кои можеме да ги искористиме со Украинците и со Европјаните за да ја прошириме индустриската база и да ја поддржиме одбраната на Украина и Европа – рече Витакер, пренесува Фокс њуз. Тој нагласи дека сега е најважно што е можно поскоро да ѝ се обезбедат на Украина средства за противвоздушна одбрана, било преку сојузниците кои имаат дополнителни ракети или со зголемување на производството во американските фабрики. (МИА)


