klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Високи температури деновиве, да се почитуваат мерките за заштита

Високи температури деновиве, да се почитуваат мерките за заштита
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·04. 08. 2026. 07:33:18

Поради најавените високи температури до 7 август, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран, особено во периодот од 11 до 17 часот кога ризикот од изложеност на сонце е најголем. - Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, кога релативната влажност на амбиенталниот воздух е висока, потта е уште потешко да испари и следствено и ладењето на телото се отежнува. Кога телото станува премногу жешко или има проблеми да ја балансира температурата, тоа може да доведе до чувство на слабост, сува уста, вртоглавица, гадење, прекумерно потење, сува кожа, грчеви. При влошување на т.н. „сончаница“ може да се појават и следните симптоми и знаци престанок на потење, екстремно топла кожа, конфузија - зашеметеност, забрзана срцева фреквенција, отежнато дишење, несвестица и сѐ до смртен исход - наведуваат од ИЈЗ. Од Институтот истакнуваат дека ранливи групи на населението се лица над 60 години, бремени жени, деца, социјално ранливи, работници на отворено, како и луѓе со хронични заболувања како што се кардиоваскуларни болести, белодробни и бубрежни болести, шеќерна болест, ментални болести, дебелина и лица под терапија која го зголемува…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti