klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Високи претставници на бизнис секторот од Индија во посета на ТИРЗ Скопје

Високи претставници на бизнис секторот од Индија во посета на ТИРЗ Скопје
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 07. 2026. 13:21:05

Висока бизнис делегација од Индија, составена од претставници на двете најголеми стопански комори во земјата, ASSOCHAM и FICCI, како и од сопственици и директори на водечки индиски компании од повеќе индустрии, денес ја посети ТИРЗ Скопје. Во рамки на посетата, директорот Гоце Димовски ги претстави инвестициските можности што ги нуди Македонија, поволностите за инвеститорите во технолошките индустриски развојни зони, како и услугите и институционалната поддршка што Дирекцијата ја обезбедува во текот на целиот инвестициски процес. Димовски истакна дека Македонија претставува стабилна и конкурентна дестинација за странските инвеститори, со стратешка географска положба, квалификувана работна сила и поволна деловна клима, што ја прави атрактивна за компании кои сакаат да го прошират своето присуство на европскиот пазар. За време на посетата, членовите на делегацијата се запознаа со условите за работење во ТИРЗ, успешните приказни на компаниите кои веќе инвестираат во зоните, како и со можностите за соработка во повеќе области. Воедно, беше организирана и посета на Џагатај Кабло, каде беше реализирана обиколка низ производствените капацитети и беа претставени активностите на компанијата, како пример за успешна инвестиција и позитивно деловно искуство во рамки на ТИРЗ. Посетата претставува значаен чекор кон зајакнување на економската соработка со Индија и отворање нови можности за идни инвестиции и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti