klik.world
Lifestyle Sjeverna Makedonija

Вишок од 56 КГ марихуана: Не контролирала, светиниколци на раат си „штанцале“ вишок

Вишок од 56 КГ марихуана: Не контролирала, светиниколци на раат си „штанцале“ вишок
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·17. 07. 2026. 08:47:59

Во време на владеењето на СДСМ, поранешна претседателка на Комисијата за проверка на условите за одгледување медицински канабис во Министерството за здравство заработи кривична пријава, откако полицијата утврдила дека не ги спроведувала законски предвидените контроли, поради што едно правно лице во Свети Николе произвело 56 килограми канабис повеќе од дозволеното. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Свети Николе против Д.П. (39) од Скопје, поради сомнение за кривично дело „несовесно работење во службата“. Според полицијата, во периодот од 18 ноември 2022 до 21 август 2024 година, Д.П. како претседателка на Комисијата за оценување на исполнетоста на условите за простор, опрема и кадар за одгледување канабис за медицински цели при Министерството за здравство, не ги извршувала обврските што ги налага законот. Од МВР велат дека Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции предвидува најмалку две контроли од моментот на сеење или садење до бербата, но тие не биле организирани кај компанија од Свети Николе која одгледувала медицински канабис. Иако фирмата во текот на 2022 и 2023 година доставувала известувања до Комисијата, пријавената, според полицијата, не презела инспекциски контроли. „Со таквото постапување му овозможила на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti