klik.world
Zdravlje Sjeverna Makedonija

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·22. 08. 2026. 08:18:13

Десетина европски земји пријавиле локално пренесени случаи на вирусот Западен Нил од почетокот на годината, што е повеќе од отколку во истиот период минатата година, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC). Случаи се пријавени во Германија, Франција, Австрија, Шпанија, Грција, Италија, Холандија, Северна Македонија, Романија, Србија и други земји. Според податоците на ECDC, најмногу случаи се регистрирани во Италија, 311, по што следи Грција со 157. Вкупно 99 европски региони се погодени, додека вирусот е регистриран за прв пат во 21 регион. Во истиот период минатата година, девет европски земји пријавиле инфекции, во вкупно 67 региони. Повеќето инфекции со вирусот Западен Нил во Европа се јавуваат за време на сезоната на комарци, од пролет до есен, а врвот на преносот е помеѓу јули и септември. ECDC повика земјите во Европа да го зајакнат својот капацитет за контрола на комарци, со прекугранична соработка и интегриран пристап што вклучува следење на популациите на комарци, информирање на јавноста и целни мерки за контрола, земајќи го предвид влијанието врз животната средина. Вирусот Западен Нил прв пат е идентификуван во 1937 година во регионот Западен Нил во Уганда. Повеќето инфекции се асимптоматски или благи, а некои од заразените може да добијат…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti