Sport Sjeverna Makedonija
ВИДЕО: Верстапен излета од патека во Холандија, изгуби контрола над болидот

Kurir.mk·Ивона Петрова·23. 08. 2026. 15:46:23
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, предвреме ја заврши трката во Формула 1 попладнево во Зандворт за Големата награда на Холандија. Дваесет и осумгодишниот Холанѓанец ја изгуби контролата врз својот автомобил во вториот круг и удри во заштитната ограда. По инцидентот трката е привремено прекината за да се расчисти патеката. Самиот Верстапен веднаш по несреќата преку тимското радио го информираше својот тим дека не е повреден. Гран при на Холандија повеќе нема да се одржува по 2026 година – договорот важи до крајот на оваа сезона. Трката се врати во Формула 1 во 2021 година по 36 години отсуство.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.
