klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

ВИДЕО: Велешанец уапсен откако возел мотоцикл на игралиште, возилото одземено

ВИДЕО: Велешанец уапсен откако возел мотоцикл на игралиште, возилото одземено
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·17. 07. 2026. 11:38:47

Полициски службеници од СВР Велес ноќеска лишиле од слобода 23-годишен велешанец, откако управувал мотоцикл без регистарски ознаки на игралиште во Велес. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен во полиција, а за него било објавено и видео на социјалните мрежи. По преземените мерки и проверки, било утврдено дека станува збор за С.Ќ. (23) од Велес. Полицијата констатирала дека младиот велешанец го управувал мотоциклот пред да се стекне со право на управување, односно без возачка дозвола. За случајот бил известен јавен обвинител, а мотоциклот е одземен. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti