(ВИДЕО) Тара ѝ даде нов живот на „Прва љубов“, песна што пред повеќе од пет децении ја отпеал татко му

Ова е песната којашто ќе ви го успори животот за момент, ќе ве натера да се насмевнете без никаква причина, а притоа ќе продолжите да уживате во текот на денот…“ Со овие зборови започнува новото музичко патување на Александар Тарабунов – Тара, кој пред публиката ја претставува „Прва љубов“ – песна што носи посебна емоција и семејна приказна. Станува збор за композиција првпат изведена во далечната 1973 година на фестивалот „Скопје“, во интерпретација на неговиот татко Ванчо Тарабунов. Повеќе од пет децении подоцна, песната добива нов живот, задржувајќи ја својата искреност, но и добивајќи современ музички израз. Идејата за оваа преработка, раскажува Тара, се родила сосема спонтано. Прелистувајќи и преслушувајќи стари албуми од својот татко, Тара повторно ја открил „Прва љубов“. Веднаш почувствувал дека оваа песна заслужува повторно да биде слушната и од новите генерации. Дека изборот бил вистински, најдобро потврдува реакцијата на неговиот татко. Кога ја слушнал новата верзија, тој не успеал да ги сокрие емоциите и солзите радосници. „Кога ја открив песната меѓу старите снимки на татко ми, веднаш почувствував дека има нешто безвременско во неа. Тоа е една позитивна песна, исполнета со убавина и топлина, и посакав повторно да ја оживеам. Најголемата потврда дека сум ја донел…
Povezane vijesti

Турција испраќа ловци Ф-16 во мисијата на НАТО над Балтикот

„Ни понудија само нов лет“ — Србинот кој речиси излета од авион бара отштета од „Ранајнер“
