klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

(ВИДЕО) Светското првенство во крапски риболов, Маврово 2026

(ВИДЕО) Светското првенство во крапски риболов, Маврово 2026
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·20. 07. 2026. 16:00:30

Македонската риболовна федерација го објави промо видеото како организатор на 26. Светско првенство во крапски риболов, кое ќе се одржи од 2 до 5 септември 2026 година на прекрасното Мавровско Езеро, во срцето на мавровско-гостиварскиот регион. Настанот се организира во партнерство со Националниот парк Маврово и Општина Маврово и Ростуше, а ќе собере повеќе од 30 држави и најдобрите светски натпреварувачи во крапски риболов. „Македонската репрезентација во крапски риболов континуирано настапува на светската сцена и остварува извонредни резултати. Нашата земја не е препознатлива само по врвните натпреварувачи, туку и по богатите и добро порибени езера, какво што е Мавровското Езеро“ изјави Претседател на Македонската риболовна федерација, Филип Серафимовиќ. Ова Светско првенство ќе ги претстави едни од најубавите риболовни води што ги нуди нашата земја и ќе им овозможи на сите учесници незаборавно риболовно искуство. Како организатори, ќе направиме сè што е во наша моќ натпреварувањето да се одвива беспрекорно, додаде Серафимовиќ и додаде: „Уживајте во убавината на нашите води и природа, богатството на рибниот фонд, шармот на македонските планини и нашето препознатливо гостопримство. Посакуваме ова да биде само прва од многуте ваши посети на Македонија“.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti