ВИДЕО: Сушата во Рим откри остатоци од мостот на Нерон стар 2.000 години

Високите температури и долгото, суво лето им дадоа на жителите и туристите во Рим ретка можност да ги видат остатоците од речиси 2.000 години стар мост што некогаш се протегал над реката Тибар, која тече низ центарот на италијанската престолнина. Нивото на Тибар, кое го хранат притоките од северните Апенини, падна под 80 кубни метри во секунда, што е половина од просекот за ова време од годината, изјави Џовани Гиганти, координатор за цивилна заштита во Рим. -Се соочуваме со голема криза со водата. Тоа е криза која, меѓу другото, е последица на фактот дека оваа зима имавме доста обилни врнежи од дожд, но потоа сушните периоди беа многу долги, изјави Гиганти за Асошиејтед Прес, објави Би-Би-Си. Се верува дека мостот на Нерон (Pons Neronianus) е изграден како триумфален споменик за време на владеењето на царот Калигула, околу 39 година од н.е. Сепак, познат е како Неронов мост бидејќи Нерон, внукот на Калигула, преименувал голем број антички згради по себе за време на своето владеење од 54 до 68 година од н.е., според историските извори. Мостот првично го поврзувал античкиот дел од Марсовиот кампус, каде што денес се наоѓаат Шпанските скали, Народниот плоштад и луксузните улици околу Виа Кондоти, со стадионот…


