ВИДЕО: Софија Маневa го претстави „Лигав тип“ – нов звук и жешка визуелна приказна

Пред неколку дена, атрактивната пејачка Софија Маневa ја објави „Лигав тип“, една од нејзините први песни во кариерата, која доби нов и модерен звук. Песната е проследена со високобуџетен видео спот, реализиран во голема продукција со бројни статисти и модели. Со „Лигав тип“, Софија носи свежа енергија, модерен пристап и визуелно атрактивна приказна. Во спотот таа блеска во неколку различни модни комбинации, кои изгледаат светски, модерно и секси, дополнително нагласувајќи ја нејзината атрактивност и енергијата на целиот проект. Автор на песната е Перо Манев, таткото на Софија, кој стои зад музичката приказна на „Лигав тип“. За визуелниот дел се погрижи режисерот Даниел Јовески, кој го потпишува видео спотот. Проектот е реализиран со многу внимание, енергија и работа, а за Софија претставува нов чекор во нејзината музичка кариера и најава за период во кој планира уште посериозно да се посвети на музиката. „Лигав тип” е проект во кој вложивме многу енергија, љубов и работа и едвај чекам публиката да го види и слушне. За мене ова е само почеток. Во изминатите години имав можност да бидам присутна на македонската музичка сцена, но сега сакам уште посериозно да се посветам на создавање нова музика, нови песни и нови проекти. Имам многу идеи…
Povezane vijesti

Пензионери се мета на лажни лекари – во Пирот е уапсен бугарски државјанин кој измами старица

Врвот Монблан „пораснал“ за два метра во последните три години, сега е утврдено што се случило
