ВИДЕО: Седнал во Ферари, па се заглавил во тесна улица – Mрежите „горат“ од коментари

Тесните улици на Севиља се претворија во „стапица“ за црвен луксузен автомобил со португалски регистарски таблички. Возачот на скапиот автомобил се нашол во незавидна ситуација, додека се обидувал да сврти, а потоа се соочил со сериозни тешкотии при маневрирање низ тесен премин, објавува El Debate. На видеото што се појави на мрежите, снимено од очевидец, може да се види како Ферарито се заглавило откако се обидело да сврти на улицата Бамберг, на аголот со улицата Арготе де Молина. Минувачите се обиделе да го насочат возачот за да избегне оштетување на возилото. View this post on Instagram A post shared by Aymeric Grassart (@aymeric_grassart) Од друга страна, корисниците на социјалните мрежи биле помалку наклонети кон возачот на Ферари. Многумина се потсетиле на ризиците од возење низ најтесните и најпрометните делови на Севиља. „Кој би возел автомобил вреден 250.000 евра низ стариот центар на градот?“, прашал еден од нив. Медиумите известуваат дека пристапот до овој дел од градот е ограничен на закупци, сопственици на гаражни простори и возила на јавниот сервис, токму поради тесните улици и недостатокот на простор за непречено движење.


