(ВИДЕО) Познати инфлуенсери се степаа среде улица – тупаници летаа пред очите на минувачите

Вистинска драма се одвивала на улиците на Белград, откако двајца познати српски инфлуенсери биле снимени како се тепаат среде улица. Според првичните информации, физичката пресметка се случила во Црнотравска улица, во белградската населба Бањица, а во инцидентот учествувале Лазар Амиджиќ и Стефан Чоловиќ. Снимката од тепачката прво се појавила на Инстаграм-профилот „Princ od Banjice drugoveni“, по што за кратко време се проширила на социјалните мрежи и предизвикала бројни реакции. На видеото може да се види како двајцата разменуваат тупаници додека ја преминуваат улицата, при што го загрозуваат и сопствениот живот, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. За случајот се известени полицијата и надлежното обвинителство. Според неофицијални информации, тепачката се случила вчера, додека причините за конфликтот засега не се познати. Српските медиуми најавуваат дека повеќе детали за случајот се очекуваат во текот на денот.
Povezane vijesti
Milčo Mančevski premijerno prikazivanja dokumentarca "Dobri ljudi" na Sarajevo film festivalu: Priča o tragediji u Kočanima kad je život izgubilo 63 mladih

Трамп: Сериозно размислувам за нови големи воени напади врз Иран
