klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

ВИДЕО: Последни подготовки пред големото финале, погледнете што се случува на стадионот пред мечот Шпанија-Аргентина

ВИДЕО: Последни подготовки пред големото финале, погледнете што се случува на стадионот пред мечот Шпанија-Аргентина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·17. 07. 2026. 09:29:30

Финалето на Светското првенство во фудбал меѓу селекциите на Шпанија и Аргентина се игра во недела на 19.јули во Њујорк со почеток во 21 часот. Стадионот во Њу Џерси е со капацитет од 82.566 седишта. На стадионот се прават последните подготовки за се' да биде совршено за големата завршница на Мундијалот. Средување на теренот, означување на соблекувалните во боите на двете репрезентации, како и на целиот стадион, се одвиваат со полна пареа. Финалето меѓу Аргентина и Шпанија ќе биде само втор официјален натпревар меѓу двете репрезентации во историјата. Единствениот натпревар досега беше одигран во Бирмингем во групната фаза на Светското првенство во 1966 година, кога Аргентина победи со 2-1. Аргентинците и Шпанците одиграа 13 пријателски натпревари, на кои Аргентина победи шест пати, Шпанија пет пати, а два натпревари завршија нерешено. За Шпанија ова ќе биде само второ мундијалско финале во историјата, по 2010 година кога ја освои титулата. Аргентина ќе ја брка својата четврта титула на Светското првенство, откако претходно победи во 1978, 1986 и 2022 година. Доколку Аргентинците ја одбранат титулата освоена пред четири години во Катар ќе го повторат успехот на Италија (1934 и 1938 година) и Бразил (1958 и 1962), како единствени две репрезентации кои освоиле две…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti