(ВИДЕО) Подобрена состојбата во пожарот во источниот дел на областа Атика

Значително е подобрена состојбата со пожарот што околу 8 часот утрово избувна во ниска вегетација во областа Куварас во источниот дел на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, но една живинарска фарма изгоре целосно, а за огнената стихија целосно да биде ставена под контрола интервенираат речиси 200 пожарникари, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите од противпожарната служба на Грција, копнени и воздушни сили се справуваат со чадот присутен на повеќе места, но во рамки на периметарот на пожарот. Во пожарот интервенираат 197 пожарникари, со седум пешадиски тима и 42 возила, меѓу кои и 23 пожарникари со четири возила од Франција, како и 24 пожарникари со пет возила од Романија, кои се наоѓаат во Грција во рамки на програмата за претходно распоредување на пожарникари преку европскиот механизам за цивилна заштита. Помагаат и волонтери и цистерни од општината, а за гаснење од воздух ангажирани се два авиона и седум хеликоптери, од кои еден е за координација. Министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Евангелос Турнас ја посети областа зафатена од пожарот и беше на терен со пожарникарите кои учествуваат во гаснењето и се информираше за ситуацијата. Десетина минути по избувнувањето на пожарот, од бројот 112 беше испратена порака…
Povezane vijesti

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Состанок во владата за спроведувањето на програмите ИПА 2 и ИПА 3
