klik.world
Dijaspora Sjeverna Makedonija

ВИДЕО: „Ова може да сруши се’ пред себе“, неверојатни снимки од Германија

ВИДЕО: „Ова може да сруши се’ пред себе“, неверојатни снимки од Германија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·01. 07. 2026. 19:24:44

Голем воден вртлог (водно торнадо) се формираше над езеро во Германија во среда попладне, предизвикувајќи широка загриженост во областа. Природниот феномен се формираше над езерото Констанца во близина на Линдау, објави германската новинска агенција ДПА. Езерото се протега на границите на Германија, Австрија и Швајцарија, а водениот вртлог траел околу 15 минути, објави Германската метеоролошка служба. Spektakuläre Wasserhose heute Mittag über dem #Bodensee 😳 pic.twitter.com/OVNSZjN2pn — storymakers (@mz_storymakers) July 1, 2026 Метеорологот Кај-Уве Нердинг рече дека брзината на ветерот е тешко да се прецизиа, но процени дека била помеѓу 100 и 150 километри на час. Тој не можеше да ја процени висината и дијаметарот на водното торнадо. По преминувањето на езерото, вртлогот се упатил кон Линдау, Баварија, на североисточниот брег на езерото. Досега не се пријавени штети, а полицијата објави дека нема извештаи за каква било вонредна ситуација на езерото. Водните торнада се релативно чести на езерото Констанца, но ова беше посебно по тоа што беше лесно видливо од брегот.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti