ВИДЕО: Одбележан 17 Октомври – Денот на Командата за операции во кумановската касарна „Боро Менков“

Со воена свеченост, денеска во касарната „Боро Менков“ во Куманово беше одбележан 17 Октомври – Денот на Командата за операции. На воената свеченост во Куманово, покрај претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, присуствуваа и поранешни команданти на единицата, претставници од воено-дипломатскиот кор, како и претставници од локалната самоуправа и организации со кои командата остварува успешна соработка. Претседателката Сиљановска-Давкова во обраќањето наведе дека во НАТО е наша стратешка определба, но и заложба за почитување на принципите на колективната одбрана и солидарност. -Со извршувањето на преземените обврски и усогласувањето со стандардите на Алијансата, вие, македонската Армија покажавте дека и мала држава може да биде кредибилен и доверлив сојузник. Нејзината интероперабилност, обученост и учество во заедничките активности се јасна потврда за нашиот голем придонес кон колективната безбедност. Посакувам јасните критериуми и доследното вреднување на постигнатото да најдат соодветна примена и во процесот на европската интеграција- рече претседателката. Таа во обраќањето кажа дека Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем, зашто токму во неа се вкрстуваат командувањето, обученоста, организацијата и способноста за…
Povezane vijesti

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем
