klik.world
Region Sjeverna Makedonija

ВИДЕО: Од автомобилот не остана ништо – Родители и шестмесечно бебе загинаа во сообраќајката на Халкидики

ВИДЕО: Од автомобилот не остана ништо – Родители и шестмесечно бебе загинаа во сообраќајката на Халкидики
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·16. 07. 2026. 06:43:56

Во сообраќајна несреќа на Халкидики при директен судар на цистерна и патничко возило во кое било четиричлено семејство од Молдавија, животот го загубија мајка, татко и шестмесечно бебе, додека другото дете е сериозно повредено, јави дописничката на МИА од Атина. Несреќата се случи вчера попладне на регионалниот пат Неа Муданија – Никити, кај Полигирос, од противпожарната служба интервенирале со осум пожарникари и три возила, а со употреба на спасувачка опрема, жената и бебето ги извлекле без знаци на живот, додека пак мажот и другото малолетно дете со тешки повреди беа пренесени во болница. Таткото кој беше во животна опасност синоќа им подлегна на повредите, а детето, на седумгодишна возраст е во тешка, но стабилна состојба. Неофицијално, според информациите на МИА, автомобилот го возел 35-годишниот маж, додека пак неговата 28-годишна сопруга била совозач, а пак причините за несреќата, засега се непознати.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti