klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

ВИДЕО: Николас Кејџ и Антонио Бандерас во новата сезона на „Вистински детектив“

ВИДЕО: Николас Кејџ и Антонио Бандерас во новата сезона на „Вистински детектив“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·19. 10. 2026. 08:49:04

Шпанскиот глумец Антонио Бандерас ѝ се приклучи на екипата за петтата сезона на серијата „Вистински детектив (True Detective)“. Во претстојните епизоди ќе се појави и американската ѕвезда Николас Кејџ. Продукцијата на новата сезона од оваа веќе антологиска серија на „Ејч-би-о (HBO)“ треба да почне во 2027 година. Според „Варајети (Variety)“, приказната ќе се одвива во Јамајка Беј, Њујорк, САД. Бандерас ќе го толкува ликот на Реј Гарсија, а Кејџ ќе ја преземе улогата на Хенри Логан. Сценариото и режијата повторно ѝ се доверени на Иса Лопез, која работеше и на четвртата сезона од серијата, насловена „Вистински детектив: Ноќна земја“, чиешто дејство беше сместено на Аљаска, главните улоги ги толкуваа Џоди Фостер и Кали Рејс. Подробности за заплетот на новата приказна засега се чуваат во тајност. ТВ-серијата „Вистински детектив“ е дело на Ник Пицолато. Во текот на своите 11 години прикажување, доби 41 номинација и освои шест награди „Еми“. Според податоците, четвртата сезона беше најгледана во историјата на серијата, привлекувајќи 12,7 милиони гледачи на различни платформи.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti