klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

ВИДЕО: Невремето во Шпанија однесе два живота, се очекуваат нови обилни врнежи

ВИДЕО: Невремето во Шпанија однесе два живота, се очекуваат нови обилни врнежи
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·19. 10. 2026. 07:48:12

Невремето и натаму ги загрозува источните делови на Шпанија и Балеарските Острови, каде што се очекуваат нови обилни врнежи и силни бури, предупреди шпанската Национална метеоролошка агенција Аемет. Бурата „Адам“ досега однесе два живота - во Кабрера де Мар во близина на Барселона, и во Сагунто кај Валенсија. Поплавите и поројните води предизвикаа бројни проблеми во погодените области. Поради опасноста од нови поплави, денеска е прекината наставата на Мајорка, Ибица и Форментера, како и во 15 општини во покраината Аликанте и во 27 општини во покраината Валенсија. На Балеарските Острови распоредени се припадници на Воената единица за вонредни ситуации, да им помогнат на локалните служби во справувањето со последиците од невремето. Црвеното предупредување на островите во шест часот утрово е намалено на портокалово ниво. Дополнителни интервенции имало во Хавеа, на северот од покраината Аликанте, каде што спасувачките екипи го евакуираа кампот „Ел Нарањал“. Стотина лица се сместени во привремено прифатилиште во општинскиот мултифункционален центар, а во организирањето на помошта учествува и Црвениот крст. Властите во Валенсија испратија ново предупредување преку системот Ес-Алерт, повикувајќи ги жителите на погодените подрачја да избегнуваат патувања и да останат во своите домови. На граѓаните им е советувано да се држат подалеку од реки, суводолици и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti