(ВИДЕО) МВР: Во Скопје 117 оштетени возила, 189 паднати дрвја и 10 повредени лица

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициските службеници се на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од силното невреме, во координација со останатите надлежни институции. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и нормализирање на сообраќајот и јавните функции. Според податоците на МВР, најголеми штети се регистрирани на подрачјето на СВР Скопје. До 22 часот евидентирани се 117 оштетени патнички возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрвја, седум оштетени семафори, пет пожари и 10 повредени лица. [embed]https://youtube.com/shorts/0Rd5aFAuFEQ?feature=share[/embed] Невремето предизвикало оштетувања и на повеќе објекти од витално значење, меѓу кои се објектите на ОЈО ГОКК, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база „Петровец“, зградата на „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство. Во останатите полициски подрачја, штетите се помали. На подрачјето на СВР Куманово пријавени се девет оштетени возила и три оштетени кровови, додека во СВР Тетово се евидентирани пет настани – три оштетувања на возила и две оштетувања на кровови. На подрачјето на Гостивар нема пријавени оштетувања ниту повредени лица. Во Велес се пријавени две оштетени возила од паднати дрвја, а во Струмица невремето предизвикало пад на електрични столбови во селата Доброшинци и Градошорци, како…
Povezane vijesti
