ВИДЕО: Голем пожар беснее во струмичко, евакуација на жителите од населбата Софилар

Големиот пожар што избувна денеска напладне меѓу струмичките села Баница и Водоча и месноста Софилар, во непосредна близина на Струмица, делумно е ставен под контрола и со механизација се прават пресеци за да се спречи ширењето. Според последните информации од ТППЕ Струмица пожарот стигнал до населбата Софилар во Струмица, а командирот на струмичките пожарникари, Александар Гудев наредил евакуација на граѓаните. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов информира дека на терен интервенираат струмичките пожарникари, а помош била побарана од противпожарните единици од Радовиш, Гевгелија и Валандово. -Нема изгорени куќи, зафатен е само еден помошен објект кој не е изгорен. Нема повредени лица, една возрасна госпоѓа не сакала да ја напушти викендичката, но била присилно изнесена за да не настрада доколку огнот дојде до таму На лице место се наоѓа и градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков кој информира дека ги превземаат потребните мерки и работат на гаснење на пожарот. Ги повика граѓаните да останат смирени. -Ве повикувам да останете смирени бидејќи сите кои во моментов се на терен се координирани и работат согласно ситуацијата, а сите конкретни информации ќе бидат споделени официјално. Во деновите што следуваат, поради високите температури и зголемената опасност од пожари, апелирам да бидете особено…
Povezane vijesti

Медведев: Киев е слеп и e во паника без американските разузнавачки информации

Антонио Јолевски е назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола, на местото на Пецо Везироски
