(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, Скопје нема да остане само

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека градските служби веднаш реагирале по силното невреме со бурни налети на ветер што денеска го зафати главниот град и дека расчистувањето на последиците се одвива непречено. Според него, екипите на градските јавни претпријатија веднаш излегле на терен, при што булеварите се проодни, а интензивно се отстрануваат паднатите дрвја и гранки. „Природата не можеме да ја спречиме, но реагиравме брзо, организирано, навремено и одговорно“, порача Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи. Тој најави дека градските служби ќе останат на терен во текот на целата ноќ за да интервенираат таму каде што ќе биде потребно. „Ќе бидеме будни и на терен во текот на целата ноќ. Скопје нема да остане само ниту во најтешките моменти!“, истакна градоначалникот.


