ВИДЕО Драма во Њујорк, евакуиран 37-катен облакодер: На зградата во средината на Менхетен ѝ се заканува уривање

Зграда во Менхетен, Њујорк, САД, е евакуирана поради страв од уривање, објавува британскиот „Дејли меил“. Се стравува дека зградата е на работ на уривање поради процесот на реновирање во луксузни станови. Градежните екипи се евакуираа од 37-катниот облакодер на Ист 42-ра улица околу 8 часот наутро по локално време. Евакуацијата започна откако беше откриено дека две потпорни греди почнале да се виткаат на 21-ви и 22-ри кат. BREAKING: Midtown Manhattan high rise evacuated after construction workers discover buckled columns ... sagging floors and falling bricks. 42nd & 43rd streets near 2nd avenue closed as DOB assesses the danger. pic.twitter.com/294MXBdkeY — Steven Bognar (@Bogs4NY) July 7, 2026 Од 21-ви до 26-ти кат се наоѓаат просториите што ѝ припаѓаат на фармацевтската компанија „Фајзер“. Тие одеднаш почнаа да се уриваат под големо оптоварување. Според полицијата, нема пријавени повредени. Евакуација е наредена како превентивна мерка. Сите околни улици беа исто така затворени. Во тек е истрага поради големата техничка операција за спасување. „За среќа, во овој момент нема пријавени повредени, сите работници се евидентирани и зградата е евакуирана. Исто така, во овој момент се евакуираат неколку високи згради во областа, како и училиште со околу 400 деца“, изјави градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани.


