(ВИДЕО) Авион се урна врз куќа во Германија

Двајца мажи загинаа откако мал авион денеска, непосредно пред 11 часот, се урна врз семејна куќа во покраината Долна Саксонија, во северниот дел на Германија. Несреќата се случила во местото Гандеркезе, во близина на Бремен. Спасувачките екипи најпрво пронашле едно тело, а по неколкучасовна потрага било пронајдено и телото на второто лице кое се наоѓало во леталото. PLANE has crashed into a family’s house in Germany🇩🇪 killing one person, with shocking footage showing the tail sticking out of the roof. The violent impact has left a giant hole in the building, with one of the wings torn off in the crash. plane crashed into a house in… pic.twitter.com/GYbch0z774 — NYC News 24 🗞️ (@NYCNews24) July 25, 2026 Според првичните информации, авионот полетал од Бремен, но кратко потоа почнал да губи висина и се урнал во станбена населба. Причините за несреќата засега не се познати и се предмет на истрага. Полицијата сè уште не го соопштила идентитетот на загинатите, а најави дека повеќе информации ќе бидат објавени во текот на вечерта. Во моментот на несреќата сопствениците на куќата не биле во домот, па нема повредени меѓу жителите.


