klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Вицепремиерот Николоски на поставување камен-темелник на „Лидл“ во Струмица

Вицепремиерот Николоски на поставување камен-темелник на „Лидл“ во Струмица
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·01. 07. 2026. 06:11:07

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска ќе оствари работна посeтa на општина Струмица. Николоски, во рамики на посетата, ќе се обрати на свечената церемонија на поставување камен-темелник на продажен објект на „Лидл“ во Струмица, каде ќе присуствуваат и оперативниот директор на на Лидл Македонија Рубријан Хаџиев и градоначалникот на Струмица Петар Јанков. Вицепремиерот ќе изврши увид во изградба на комунален систем во с. Просениково, каде е предвидено да даде изјава за медиуми. Од компанијата информираат дека инвестицијата претставува значаен придонес кон локалниот економски развој, отворање нови работни места и унапредување на понудата за потрошувачите, како и можност за продлабочување на соработката со домашните производители.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti