klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ветото како зрелост,не како оружје

Ветото како зрелост,не како оружје
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·15. 07. 2026. 08:43:18

Изјавата на албанскиот премиер Еди Рама дека Албанија, доколку стане членка на Европската Унија, нема да ја блокира Македонија со вето, е повеќе од обична дипломатска формулација. Таа е сигнал дека Тирана свесно избира европски пат наместо да се потпира на старите националистички амбиции што со децении го држеа регијата во заложништво. Во време кога ветото стана инструмент за уценување, средство за политичко позиционирање и демонстрација на сила, Рама јасно порача дека Албанија нема да го користи како оружје против соседите, туку како доказ за зрелост и европска ориентација. Овој став добива уште поголема тежина ако се земе предвид вториот акцент: одлуката да не им се дозволува влез во Албанија на личности со националистички видувања. Тоа не е само административна мерка, туку политичка декларација дека оваа албанска влада се дистанцира од реториката за „голема Албанија“ и се стреми кон европски стандарди на политичка култура. Со оваа позиција, Рама испраќа порака дека иднината на Албанија не е во етнички митови и историски фантазии, туку во интеграција, соработка и градење мостови со соседите, пишува Далибор Станковиќ за НОВА МАКЕДОНИЈА. Историски гледано, албанскиот национализам и шовинизам, заедно со иредентизмот и сепаратизмот, многу често биле фактор на нестабилност во регионот, носејќи со себе визии…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti