klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·22. 07. 2026. 13:38:31

Силниот ветер што вчера го зафати Куманово го однесе државното знаме од јарболот на градскиот плоштад. Од Општина Куманово денеска информираа дека знамето е пронајдено и преземено од страна на кумановската полиција. – Знамето е оштетено. Ја информиравме Службата за општи и заеднички работи при Владата за состојбата. Оттаму нè известија дека ќе обезбедат ново знаме – изјави секретарот на Општина Куманово, Емилија Сладирис Јаневска. Поставувањето на новото државно знаме се очекува откако ќе биде доставено од надлежната владина служба.(MИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti