klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Вештак на судењето за „Онкологија“: Кај пациенти со напредната малигна болест, мора да се докаже причинско-последична врска меѓу конкретна лекарска одлука и конкретна последица кај пациентот

Вештак на судењето за „Онкологија“: Кај пациенти со напредната малигна болест, мора да се докаже причинско-последична врска меѓу конкретна лекарска одлука и конкретна последица кај пациентот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·03. 07. 2026. 11:13:23

За да се утврди одговорност за лекување не е доволно да се констатира отстапување во терапијата, туку мора да се докаже јасна причинско-последична врска меѓу конкретна лекарска одлука и конкретна последица кај пациентот, истакна вештакот Владимир Даниловски, кој на предлог на одбраната, сведочеше денеска во Основниот кривичен суд Скопје на продолжението на судењето за случајот „Онкологија“. Одговарајќи на прашања од одбраната, Даниловски појасни дека предмет на неговата анализа не бил изборот на онколошка терапија, туку утврдување на евентуалните последици од медицинските постапки. - Предмет на ова вештачење не беше избор на најдобра можна онколошка терапија, туку судско-медицинска постапка на последиците од применето лекување. Мојата задача беше да утврдам дали постои конкретно докажана штета, дали дошло до влошување на здравствената состојба како последица на терапијата, дали терапијата го забрзала фаталниот исход и дали постои медицински докажана причинско-последична врска меѓу конкретна лекарска одлука и конкретна последица - изјави вештакот. Тој нагласи дека кај ваквите случаи не е доволно да се утврди отстапување од упатствата за дозирање или примена на лековите. - Мора да се утврди јасна причинско-последична врска меѓу конкретна лекарска одлука и конкретна последица. Не е доволно да се констатира дека дозата или примената отстапувала од упатство. Мора да се докаже…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti