klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Вештачење за „Пулс“: Градежен инспектор има право и обврска да реагира во градба, но и при пренамена, доградба или менување на објектот

Вештачење за „Пулс“: Градежен инспектор има право и обврска да реагира во градба, но и при пренамена, доградба или менување на објектот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·25. 08. 2026. 14:09:13

Тимот градежни вештаци, предводен од судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, повеќе од четири часа одговараше на вкрстени прашања на одбраната, на обвинетите Гроздан Милковски - сопственик на објектот и општинските градежни инспектори Огњен Георгиев и Николчо Коцев, на денешното рочиште во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје каде продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Вештите лица кои учествувале во изработката на градежното вештачење на Обвинителството, одговараа на прашања за пренамената на објектот за вршење угостителска дејност согласно Деталниот урбанистичко план и правилници, градежните активности и пренамени на објектот, барањата за издавање лиценци за работа, надлежните за стручен надзор, како и службените обврски на градежните инспектори... На прашање кои се надлежностите и дали градежен инспектор може да дејствува и самостојно и откако објектот е ставен во функција и без пријавени реконструкции и пренамени, вештакот укажа дека "Градежниот инспектор не само што има право и обврска да реагира во градба, туку и откако ќе се изгради и се врши некаква пренамена, доградба или менување". - Судбината на објектите од издавање на дозвола за градба, па се до негово…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti