Весна Јаневска: Затворени се осумнаесет институти

Првичната информација беше дека затворивме четиринаесет, сега таа бројка е 18. За жал, ете во Македонија и тоа се случи, најбруталниот пример е дека ние најдовме регистриран институт во една просторија во казино, но не само така. Има регистрирани институти во станови, има регистринани институти, односно простории за институти, во продавници и така натаму. Не е ни локацијата толку страшна освен нели, ова во казиното. Институтот за да функционира треба да исполни одредени законски услови и треба да работи според тие одредени законски услови, значи да продуцира научно - истражувачка работа. Тие може да имаат апликативна но, првенствено мора да продуцираат научно - истражувачка работа - изјави во своето гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија со новинарот Љупчо Цветановски министерката за образование Весна Јаневска за затварањето на институтите. - Такво нешто не се случи. Јас со големо задоволство можам да кажам дека сега конечно во помош ни доаѓа и Агенцијата за квалитет во високо образование. Години уназад до доаѓањето на новата директорка Христина Серафимовска ни една единствена евалуација не беше направена на институт, факултет, универзитет иако тоа по закони требаше да се прави. Од кога е она дојдена, направени се бројни евалуации со странски експерти вклучени за…


