klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Венс: Британците ги разочара водството, на земјата и се потребни големи промени

Венс: Британците ги разочара водството, на земјата и се потребни големи промени
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·05. 07. 2026. 09:12:41

Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, изјави дека Велика Британија „долго време е разочарана од своето лидерство“, додавајќи дека се надева дека следниот премиер на земјата ќе може да ги спроведе структурните промени што ги бараа гласачите по години политички превирања. Во интервју за весникот „Сандеј тајмс“, Венс рече дека честите промени на владата укажуваат на подлабоки проблеми во британската политика. Премиерот Кир Стармер минатиот месец објави дека ќе се повлече по две години на функцијата, отворајќи го патот за седмиот премиер на Велика Британија за една деценија. Пратеникот Енди Бернам се очекува да го наследи Стармер, откако се појави како единствен кандидат што ќе го замени лидерот во заминување. „Она што го гледам се шест премиери во последните неколку години“, изјави Венс за весникот. „Тоа ми кажува дека многу нешто не е во ред со британската политика и дека луѓето навистина бараат значајни структурни промени“. „Се надевам дека Енди Барнам - а ако не Енди Барнам, некој друг - ќе може да го спроведе тоа“, рече американскиот потпретседател, додавајќи дека „кој и да е премиер, нека смисли како да ја врати Британија на вистинскиот пат“. Венс, чија сопруга Уша студирала на Универзитетот во Кембриџ и кој често зборувал за својата наклонетост…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti