Венко Заев и Апасиев се обединија против новиот Изборен законик, бегаат од гласот на дијаспората а се грижат само за повеќе пари

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со поднесување на над 10.000 амандмани го блокираат носењето на новиот Изборен законик, за кој, како што наведуваат, со месеци се воделе разговори меѓу политичките партии со цел да се постигне широк консензус. Според владејачката партија, СДС се противи на воведувањето електронско гласање за македонската дијаспора, бидејќи, како што тврдат, ја изгубила довербата кај граѓаните во земјата и во странство. „Истите тие кои со своите политики придонесоа илјадници граѓани да ја напуштат Македонија, денес сакаат тие луѓе да останат без полесен пристап до избирачкото право“, се наведува во соопштението. Во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува и Левица дека, иако нејзините предлози во текот на преговорите биле прифатени, сега го блокира законот заедно со СДС. Од партијата тврдат дека двете опозициски партии „функционираат како едно“ и дека со големиот број амандмани ја кочат реформата на изборното законодавство. ВМРО-ДПМНЕ ги повика СДС и Левица да ги повлечат, како што ги оценуваат, „бесмислените амандмани“ и да овозможат донесување на новиот Изборен законик, кој, според нив, треба да обезбеди помодерен и поефикасен изборен процес, вклучително и електронско гласање за македонската дијаспора. Партијата оценува дека граѓаните заслужуваат функционален изборен систем и дека реформите не треба да бидат блокирани од, како…
Povezane vijesti

Што се случувало во Света Софија во деновите пред обновувањето на автокефалноста на МПЦ

Поднесена кривична пријава против косовскиот државјанин кој насилно ја преминал граничната линија откако беше фатен во обид да криумчари дрога
