klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Велосипедист загина во сообраќајка на патот Кочани – Брана Гратче

Велосипедист загина во сообраќајка на патот Кочани – Брана Гратче
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·21. 07. 2026. 11:47:45

На 20.07.2026 околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани - Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од Кочани. -Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судската медицина за обдукција, информира МВР. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti