Велковски: Напредок во реформата на социјалното осигурување, дигитализирани 53.000 досиеја

Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски остварил работна средба со претставници на Светска банка, на која бил разгледан досегашниот напредок во реализацијата на Проектот за администрација на социјалното осигурување (СИАП), како и следните чекори за негово спроведување. Станува збор за значаен реформски проект насочен кон унапредување на системот на задолжително социјално осигурување, проценката на попреченост, професионалната рехабилитација и поддршката при вработување на лицата со попреченост. Во рамки на проектот се работи и на унапредување на системот за работни места и занимања со зголемен ризик. Како што информира Велковски, во изминатиот период е постигнат значаен напредок. Воспоставена е Управата за водење на Регистарот на задолжително социјално осигурување, додека софтверското решение се наоѓа во завршна фаза. Дополнително, досега се дигитализирани приближно 53.000 досиеја од архивата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, што претставува важен чекор кон модернизација и поефикасно управување со податоците. Напредок е постигнат и во воспоставувањето на единствен систем за проценка на попреченост, подготовката на Законот за професионална рехабилитација и поддршка при вработување на лицата со попреченост, како и во унапредувањето на системот за работни места и занимања со зголемен ризик. [facebook_post url="https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid02yrmWCveeaj2N2o1w5zpF8jPKtFT33tPouWLRvtkTZpYrLQ93wVMKxKTrz6oMyg1gl&id=61555903967055"] „Во периодот што следи продолжуваме со засилена динамика. Нашата цел е јасна …


