Велјановски: Безбеден град дава резултати, остануваме цврсто посветени на заштитата и безбедноста на граѓаните

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, на денешната прес-конференција истакна дека проектот „Безбеден град“ дава конкретни резултати во подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, посочувајќи дека системот има силен превентивен ефект и придонесува за намалување на бројот на сообраќајни прекршоци и жртви. Според Велјановски, системот, кој започнал со пробна примена на 1 декември минатата година, уште во првите 24 часа регистрирал околу 110.000 прекршоци, при што над 90 проценти се однесувале на пречекорување на дозволената брзина. Дополнително, биле евидентирани околу 5.000 поминувања на црвено светло и околу 1.000 нерегистрирани возила. Тој нагласи дека веќе вториот ден бројот на прекршоците бил речиси преполовен, а до почетокот на целосната примена на системот, на 1 февруари годинава, дневниот број на регистрирани прекршоци се намалил на околу 500 до 600, што, според него, претставува намалување од над 99 проценти во однос на првиот ден од тестирањето. Велјановски истакна дека главната цел на проектот е намалување на бројот на тешки сообраќајни несреќи и спасување човечки животи, со цел до 2030 година да се преполоват смртните случаи и сериозните повреди на патиштата. Тој потсети дека системот најпрво бил имплементиран во Скопје, Тетово, Куманово и на коридорите 8 и 10, а потоа и во Велес. Според него, минатата недела…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

(ВИДЕО) Пожарот што избувна во Толедо се прошири на поширокото подрачје на Мадрид
