Crna kronika Sjeverna Makedonija
Велешанка се обидела да го убие вонбрачниот сопруг

Kurir.mk·Ивона Петрова·07. 07. 2026. 10:21:12
Полициски службеници од СВР Велес вчера околу 19 часот ја лишија од слобода 30-годишната Т.Д. од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен вонбрачен сопруг. -Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а Т.Д. била приведена и задржана во полициска станица, информира МВР. Од страна на полициски службеници предметот бил пронајден и одземен, известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против Т.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „обид за убиство при семејно насилство“, казниво по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


