klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Велешанка физички нападната во нејзиниот дом

Велешанка физички нападната во нејзиниот дом
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·26. 06. 2026. 12:18:16

71-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом физички била нападната и ѝ била скршена влезната врата од нејзиниот дом. На 25.06.2026 во 18:55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода П.Н.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 71-годишна велешанка дека пред и во нејзиниот дом физички ја нападнал и ја скршил влезната врата од нејзиниот дом. Според пријавеното, тој дошол пред нејзиниот дом, ја побарал нејзината ќерка, но таа не била дома, по што физички ја нападнал пријавителката - соопштуваат од МВР По преземени мерки било констатирано дека П.Н. бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,11 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti