klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Вечерва во Расадник- Лозано, Влатко Миладиновски и Таско, утре наутро “Семеен ден” во паркот Македонија

Вечерва во Расадник- Лозано, Влатко Миладиновски и Таско, утре наутро “Семеен ден” во паркот Македонија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·27. 06. 2026. 16:07:02

Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани да бидат дел од богатата викенд програма во рамки на овогодишното Културно лето. Вечерва претстои голем музички настан во паркот пред салата Расадник, неделното претпладне е резервирано за најмладите преку манифестацијата „Семеен ден“, а викендот ќе биде заокружен со уште една голема забава во недела навечер. Вечерва, програмата започнува во 20:00 часот во паркот пред сaлата Расадник, каде загревањето на атмосферата е доверено на ДЈ Марио Трампет и ДЈ Доријан, по што следува настапот на популарниот Влатко Миладиновски. Во продолжение, пред публиката ќе се претстави една од најголемите поп ѕвезди кај нас, Лозано, додека музичката програма ќе ја заокружи еден од најактуелните артисти на новата урбана сцена, Таско. Викенд програмата продолжува утре, недела, 28 јуни, со почеток во 10:00 часот, кога во паркот Македонија ќе се одржи манифестацијата „Семеен ден“. Настанот нуди богата интерактивна содржина наменета за децата и нивните семејства. Предвидени се настапи на учесниците од првиот детски фестивал „Киселко“, танцувачкото училиште „Данса Латина Стефи“, како и на дечињата од општинските јавни детски градинки. Општина Кисела Вода има подготвено и низа дополнителни содржини кои гарантираат забава за сите деца, вклучувајќи замок на надувување, фото-кабина, креативни работилници, како и дружење со аниматори и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti