Вечер на харфата на „Охридско лето“ со Алиса Садикова

Програмата на 66-то издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со содржина од музичката програма и целовечерен концерт на младата и светски афирмирана харфистка Алиса Садикова. Алиса Садикова е редок пример на исклучително талентирана харфистка, чиј уметнички развој е забележлив уште од најраната возраст, кога го започнува својот настап на светската музичка сцена. Родена е во Санкт Петербург, каде што започнува да учи харфа во класата на Карина Малеева во Специјалното училиште за талентирани деца при Конзерваториумот „Н. Римски-Корсаков“. Образованието го продолжува како стипендист на Фондацијата „Салви“ во школата „Кембриџ музика мунди“ во Белгија, во класата на Кетрин Мишел, а потоа и на престижната „Џулијард“ во САД, каде што дипломира во 2025 година. Во моментов е на постдипломски студии во класата на Ненси Ален на „Џулијард“, со стипендија од Фондацијата „Ковнер“. Нејзината меѓународна кариера започнува во 2010 година, кога како победник на првиот натпревар на кој настапила, добива можност да настапи во „Карнеги хол“ во Њујорк и да реализира турнеја со десет концерти низ САД. На само 10-годишна возраст дебитира како солист со оркестар под диригентската палка на Владимир Спиваков. Еден од позначајните настапи на Садикова е оној во 2025 година, кога настапува во Операта во Тел Авив како солист…
Povezane vijesti

Талибанците вршат притисок врз Европа- ги користат мигрантите за постигнување на своите цели

HRT posvetio emisiju našem Semezdinu Mehmedinoviću: Neke se kuće ne grade od zidova...
