klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Василевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи

Василевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·28. 06. 2026. 11:34:38

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска на денешната прес-конференција истакна дека СДС се однесува во јавноста како да е единствен застапник на европската перспектива на Македонија. Според неа, додека постојано зборуваат за европски вредности и стандарди, кога е потребно тие да се преточат во конкретни чекори, отсуствува нивната поддршка. -Наместо да придонесат кон усвојување на законските решенија што се дел од реформската агенда и европскиот напредок, СДС избира политички блокади и активности со кои ја нарушува сликата за сопствената држава пред меѓународната јавност. Лицемерно е што СДС седум години имаше можност да ги спроведе клучните реформи, за денес да се однесува како тие обврски да започнале вчера. Нивното однесување во Собранието јасно ја покажува разликата меѓу реториката која доаѓа од нивните прес-конференции и реалноста. Не ги гласаат реформските закони, бегаат од работните групи, а сега и се обидуваат да го забават реформскиот процес. Но, за разлика од нивната политика на опструкции, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорачува конкретни резултати. Ги реализираме реформите преку конкретни законски решенија и исполнување на обврските, вели Василевска. Посочува дека само во текот на 2024 година беше направен значаен исчекор во спроведувањето на Реформската агенда со донесувањето на седум клучни закони кои се дел од процесот на усогласување…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti