klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Вандализам во Кисела Вода: Детско игралиште полеано со масло, граѓаните револтирани

Вандализам во Кисела Вода: Детско игралиште полеано со масло, граѓаните револтирани
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·10. 07. 2026. 09:44:04

Граѓанин преку Фејсбук групата „Кисела Вода - Пријави Проблем“ алармираше за вандалски чин во детското игралиште на улицата „Ѓорги Сугаре“, веднаш до зградата „Дабар“, каде, според објавата, непознато лице ги полеало детските реквизити со масло. Во објавата, граѓанинот изразува разочараност и револт, посочувајќи дека најмногу се погодени децата кои секојдневно го користат игралиштето. „Вака јавно да го прашам тој што детските реквизити ги истури со масло во паркчето каде што дечињата од најмали до најголеми се радуваат – дали сега помирно ќе спиеш, дали совеста ќе те копка? Не е до државата, не е до општината, до нас е“, стои во објавата. Граѓанинот апелира надлежните служби што поскоро да реагираат, да ги исчистат реквизитите и да ги вратат во првобитна состојба, за децата повторно безбедно да можат да го користат игралиштето.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti