klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Валета и другите делови на Малта без струја

Валета и другите делови на Малта без струја
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·22. 07. 2026. 17:07:16

Во главниот град на Малта, Валета, како и вчера и денеска имаше прекини во снабдувањето со електрична енергија поради топлотниот бран. Со прекини се соочија и другите делови на островот. Поради немање струја денеска беше накратко прекинато судењето на бизнисменот обвинет за учество во убиството на новинарката Дафне Каруане Галиција во 2017 година. За време на вчерашните прекини во електроснабдувањето без струја останаа и кабинетот на премиерот и неколку министерства. Државната енергетска компанија „Енемалта“ соопшти дека прекините во снабдувањето со електрична енергија се предизвикани од дефекти во дистрибутивната мрежа поради екстремните температури и рекордната потрошувачка на струја. На Малта завршува топлотниот бран при што температурите се искачија до 42 степени Целзиусови. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti