Вафли со сладолед

Состојки: За сладоледот: 2 кесички за сладолед со вкус на ф'стак 2 кесички за сладолед со вкус на малина 800 мл млеко Прелив од чоколадо и малина За вафлите: 100 грама растопен путер 100 грама мазно брашно 3 белки 100 грама шеќер во прав Подготовка: За сладоледот од фстаци, додадете ја содржината од кесичката со смеса за сладолед во ладно млеко. Кратко измешајте со електричен миксер на најниска брзина, а потоа продолжете да мешате на најголема брзина 3 минути. Замрзнете ја подготвената смеса за сладолед додека не ја достигне саканата цврстина (најмалку 4 часа). Извадете ја од замрзнувачот најмалку 10 минути пред сервирање. Повторете го процесот за сладоледот од малини. Состојките за вафли ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете мазна смеса. Ставајте од смесата за вафли во апарат-тостер за вафли и правете додека имате од смесата. Оставете ги целосно да се изладат, потоа сервирајте ги со подготвениот сладолед. Одозгора ставете прелив од чоколадо и малина.Уживајте!!
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Сипете 2 лажици од оваа течност во кромидот пред да го пржите — ќе омекне двојно побрзо, а сосот ќе биде густ без брашно
