klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

УЖАС: Осум обезглавени тела пронајдени во јама покрај нелегален рудник во Еквадор

УЖАС: Осум обезглавени тела пронајдени во јама покрај нелегален рудник во Еквадор
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·10. 08. 2026. 09:52:45

Распарчените тела на осум лица се пронајдени во масовна гробница, во јама покрај нелегален рудник во тешко пристапен регион во близина на градот Пукар, во еквадорската покраина Азуај, соопшти денеска еквадорската полиција. Според прелиминарните информации, жртвите се седум мажи и една жена, а нивните тела, кои беа пронајдени вчера, покажувале видливи знаци на насилство, објавува порталот „Комесарио“. Како што е објавено, најмалку четворица од починатите биле жители на градот, каде што се одвива нелегална рударска активност. Останките биле „закопани на длабочина од околу два метра“, со врзани раце и „повреди како што се распарчување и обезглавување“ со мачета, изјави за новинарите локалниот началник на полицијата Пабло Инга. Во регионот Азуај, во кој доминира бандата Лобос, нелегалното вадење злато и бакар добива замав во последните години. Прелиминарните анализи покажуваат дека телата биле закопани околу два дена пред да бидат откриени, а идентитетот на жртвите сè уште не е утврден. Азуај е една од десетте провинции на Еквадор кои прогласија вонредна состојба во јуни, поради зголемувањето на вооруженото насилство. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti