klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Утрово во Босна и Херцеговина е регистриран земјотрес

Утрово во Босна и Херцеговина е регистриран земјотрес
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·30. 06. 2026. 07:57:36

Земјотрес со интензитет од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Босна и Херцеговина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Според официјалните извештаи, потресот се случил во 6:18 часот наутро по локално време, на длабочина од седум километри. Епицентарот на земјотресот бил лоциран на 14 километри источно од градот Зеница и 44 километри северозападно од главниот град Сараево. Од EMSC напоменуваат дека параметрите на земјотресот сè уште не се прегледани од сеизмолозите, што значи дека се можни дополнителни корекции на магнитудата и локацијата. Засега во официјалните билтени нема информации за повредени лица или за предизвикани материјални штети.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti