Утринска навика која може да го зголеми ризикот од појава на деменција

Ако сте стекнале навика да го прескокнувате појадокот, можеби е време повторно да размислите за оваа рутина. Ново истражување покажува дека оваа честа утринска навика би можела да биде поврзана со поголем ризик од когнитивен пад и намалување на волуменот на мозокот кај постарите лица. -Според резултатите од студијата, кај луѓето кои редовно го прескокнуваат појадокот биле забележани повисоки нивоа на биомаркери поврзани со ризик од деменција, пишува магазинот Итинг вел. („EatingWell“). Податоците собрани во периодот од 2015 до 2018 година покажуваат дека околу 15 отсто од Американците постари од 20 години редовно избегнувале појадок. Причините за тоа се различни – од брзо темпо на живот и недостаток на време наутро, до популарноста на повременото постење, како метод за намалување телесна тежина. Резултатите добиени од испитувањето покажуваат дека ваквиот начин може да краткотрајно да помогне во слабеењето кај некои лица, но таквата практика може да доведе и до негативни последици врз организмот. Телото може да доживее стрес, ослободувајќи повеќе кортизол и може да придонесе за таложење маснотии во пределот на стомакот. Исто така, избегнувањето храна во утринските часови може да доведе и до зголемено чувство на вознемиреност поради пониско ниво на шеќер во крвта, како и до таканаречената „мозочна магла“…
Povezane vijesti

Кој е Енди Барнам, новиот лидер на Лабуристите и иден британски премиер?

Postignite savršeno hrskav krompir: Ključ je u jednom sastojku
